Владата молчи за фирмата-надзор на автопатите
Владата молчи за фирмата-надзор на автопатите

Владата сè уште нема оправдување за аргументите на Министерството за финансии кое побарало изземање на компанијата „ЕПТИСА“, од таканаречената црна листа на фирми со кои институциите и општините не се смеат да соработуваат за проекти над милион евра. Алсат два дена по ред чека одговор од Владата за да дознае кои се причините кои ја натерале да ја промени одлуката од 24 ноември 2020 година и да ја укине за да ѝ овозможи на „Ептиса“ да биде дел од компаниите кои ги надгледуваат работите во Коридорот 8 и 10-д, што ќе ги гради турско-американскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Одлуката донесена на седница на Владата на 9 февруари 2021 година не дава никаква причина зошто „ЕПТИСА“ треба да се одблокира за тендери од над 1 милион евра.
„Владата одлучи дека точката од 24 седница одржана на 24.11.2020 година, која вели: „Сите државни институции и општини кои вршат капитални инвестиции над 1.000.000 евра да не ја ангажираат компанијата ЕПТИСА поради неетички, незаконски и неодговорни причини во надзорот на првата фаза од работите во изградбата на пругата Куманово-Белаковце, ДА БИДЕ ПРЕКИНАТО“, се вели во Одлука на Владата од 44 седница одржана на 09.02.2021 година, точка 49./Алсат.мк
Адријан Керими