ВЕСТИРЕГИОН

Владата на Борисов и Петков со ротирачки премиер се очекува да има 20 члена

По пет последователни изборни циклуси и политичка неизвесност, Бугарија конечно треба да добие стабилна политичка влада што ќе ја состават довчерашните најголеми политички ривали – ГЕРБ на Бојко Борисов и Продолжуваме со промените (ПП) на Кирил Петков која на изборите настапи во коалиција со Демократска Бугарија (ДБ).

Advertisements

Сè уште има многу непознати околу составот на новата влада – она што е извесно е дека таа ќе биде со ротирачки премиер и еден вицепремиер – наизменично на функцијата ќе се ротираат функционери од ГЕРБ и ПП. На крајот на секои девет месеци премиерот ќе поднесува оставка. Двете пратенички групи ќе гласаат и ќе ја поддржат номинацијата на другата пратеничка група за следен премиер. Премиерот што ќе поднесе оставка, ќе биде нов вицепремиер.

Така, прв на премиерската функција се очекува да биде Николај Денков од ПП кому претседателот Румен Радев наредните денови треба да му го врачи мандатот. Марија Габриел од ГЕРБ, пак, ќе биде вицепремиерка, а по девет месеци ќе ги ротираат функциите со Денков.

Габриел ќе биде и министерка за надворешни работи, функција која со премиерската е најважна во контекст на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button