Владата на денешната седница даде зелено светло за Предлог-законот за правична и соодветна застапеност
Владата на денешната седница даде зелено светло за Предлог-законот за правична и соодветна застапеност

Владата на денешната седница даде зелено светло за Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, кој треба да го замени Балансерот укинат од Уставниот суд минатата година. Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со неговите заменици Изет Меџити и Арбен Фетаи, истакна дека законот е баланс помеѓу етничката застапеност на заедниците во институциите, но и професионализмот и меритократијата.
„Иако што требало да се регулира со закон од 2003 година, ова прашање повеќе од две децении е заложник на политичката волја. Предлог-законот гарантира еднаков пристап за вработување и напредување во јавната администрација. Фер и соодветна застапеност на сите заедници во јавните институции, но и сигурност дека вработувањето и унапредувањето се вршат врз основа на заслугите и квалификациите на секој поединец. Овој задоцнет, но неопходен чекор на крајот го тргнува застапувањето од влијанието на дневната политика и го прави законско право за секој граѓанин без оглед на етничката припадност“,рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
Владата ќе го достави законот на мислење до Венецијанската комисија со цел да се избегне негово укинување во Уставниот суд. Доколку Комисијата даде позитивно мислење, тогаш законот ќе биде доставен во собраниска процедура каде што треба да се расправа, а премиерот не ја исклучува можноста за интервенција со амандмани. Во однос на критиките на ДУИ за овој предлог закон , чии детали Алсат ги објави пред неколку дена, Мицкоски одговари:
Законот предвидува формирање на Извршно координативно тело во рамките на Владата, кое ќе биде задолжено за следење и анализа на етничката застапеност. Телото ќе го предводи еден од вицепремиерите, а ќе има министри, но и претставници на надлежните институции. Координативното тело ќе донесе Методологија за планирање на вработувањето, а институциите ќе бидат обврзани да ја почитуваат. Декларирањето за етничка припадност главно ќе се врши преку јазикот на личниот документ, но и други податоци кои институциите ќе ги преминуваат. Професорот по уставно право, Јетон Сашивари, кој беше дел од работната група која го подготви Законот за правична и соодветна застапеност, рече дека овој закон, за разлика од Балансерот, ја унапредува имплементацијата на застапеноста./Алсат.мк
Суад Бајрами