МАКЕДОНИЈА

Владата на денешниот состанок донесе одлука за нови ограничувачки мерки против пандемијата

Владата даде зелено светло на предлозите на Комисијата за инфективни болести. Владата наложува ограничување на капацитетите во јавниот превоз на 50 проценти, и ограничување на работата на економските оператори или рестораните до 23:00 часот. Се прифати и предлогот  за државната администрација, општините и судските тела за регулирање на работното време во смени и од далечина.

Advertisements

Јавниот превоз со капацитет од 50%, Затворање на угостителкси објекти по 23:00 часот – Организирање на работата во смени во државната и јавната администрација

Последните мерки нема да бидат дел од дополнителните одредби во нацрт-законот за заштита на населението од заразни болести. Секоја мерка отсега ќе стапи во сила со одлука на Владата, заснована на општата одредба предвидена во предлогот што треба да влезе во собраниска процедура.

Општа одредба „сите идни одлуки на Владата, вклучително и други мерки, се регулирани со овој закон“

Мерките стапуваат на сила по објавувањето во Службен весник. Доколку предложените мерки немаат ефект за намалување на бројот на лица заразени со коронавирус, министерот за здравство, Венко Филипче предупреди дека следниот чекор ќе биде целосно ограничување на движењето, поточно полициски час.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button