ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата најави вработување на 400 пожарникари во пресрет на летната сезона

Владата најави вработување на 400 пожарникари во пресрет на летната сезона. Целта на мерката, предвидена во Оперативниот план за 2025 година, како што посочуваат оттаму, е навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во текот на летниот период.

„Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. Tокму затоа, со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба“, информираат од Владата.

Advertisements

Оттаму дополнително посочуваат дека Оперативниот план за вработување опфаќа и вработување на 600 лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

„Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани. Здравата животна средина и заштита на здравјето на граѓаните, но и заштита од вакви катастрофални појави во летниот период е наш приоритет“, се додава во владиното соопштение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button