ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владата најавува нови антикризни мерки

Има простор за нови антикризни мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови. Се разгледува можноста целосно да се укинат дел од царинските давачки вели министрот за економија Крешник Бектеши. На утрешната владина седница ќе се разгледува каков ефект имаа донесените мерки за ограничената маржа и нула ДДВ- на прехранбените производи, и врз основа на анализите ќе се одлучи дали ќе има нови мерки.

Advertisements

„Имаме и други механизми и како министерство за економија и од другите институции, можеме целосно да укинеме целосно одредени царински давачки кои се предвидени имајќи во предвид дека нашата држава во најголем дел од трговијата е со Европската Унија“, рече Бектеши.

При денешната посета на Бектеши во една од фабриките за масло за јадење, производителите апелираа идните мерки да се креираат заедно со стопанството, бидејќи се на работ на заработка и за покривање на плати на вработените.

„Мора заедно да ги градиме стратегиите за понатаму како ќе ги носиме одлуките како ќе ги носи Владата одлуките, да не продолжиме на едно вакво ниво каде минимално заработуваме, зошто секоја компанија работи за профит и за да обезбеди плати за вработените”, рече Сашо Наумовски, извршен директор на приватна фирма.

Производителите велат дека има доволна залиха на масло за јадење за во следните три месеци, а од добавувачите редовно се увезува сирово масло.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button