ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата нарачува раскошен есцајг за јадење, чинии со златна линија…

Владата ќе се подновува со нов кујнски прибор. Службата за општи и заеднички работи, СОЗР, ќе плати 37.000 евра за набавката. Се купуваат ножеви од по 10 евра од парче, виљушки од по девет евра, како и лажици од по шест и пол евра. Се нарачуваат 125 ножеви, 190 вилушки и 60 лажици, кои треба да бидат изработени од инокс.

Advertisements

Во Владата ќе се пие од 60 нови кристални чаши. Чиниите достигнуваат и цена од 88 евра по парче. Ќе се набават вкупно 240. Треба да бидат од тврд порцелан со висок сјај отпорен на гребење. Да бидат бели со златна линија.

Од Владата се правдаат дека постоечкиот есцајг им бил стар. Ќе го користеле повеќе институции, а не само премиерот.

„Со оглед на високата фреквенција и високото нивото на странски делегации и посети во земјава, поцелисходно и порационално е да се набават 30 парчиња прибор за јадење…. отколку при секоја странска делегација да се плаќаат високи сметки во скапи и луксузни приватни ресторани“, наведоа од Влдата.

Сè уште не почнат на функција, мандатарот Димитар Ковачевски, по реакциите во јавноста за набавката, најавува можно запирање на постапката.

„Ќе се информирам за таа набавка којашто беше предмет на интерес на јавноста и доколку јавната набавка е во обем и во постапка којашто не е соодветна на очекувањата на Владата, јас таа набавка ќе ја поништам“, рече мандатарот Ковачевски.

Службата за општи работи набавува и бела техника, меѓу другото електрична и плинска скара, фрижидер, замрзнувач и друго. Тендерот од 37.000 евра го добија три фирми: „Еурефи Инженеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“, сите од Скопје.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button