Владата не го објавува документот за лажните новинари – административци
Владата не го објавува документот за лажните новинари - административци

Владата веќе трет ден не ја објавува писмената одлука од 4-та седница, дека шестмината вработени во Службата за општи и заеднички работи (СОЗП) во Софија патувале како организациски кадар, а не како новинари, како што откри Алсат. Во записникот од седницата, како и во документот на Службата, кој го достави Алсат, побарано е да се резервираат шест хотелски соби за полн пансион за овие вработени, но како новинари.
Владата ден претходно соопшти дека информацијата е невистинита, додавајќи дека шестмината отпатувале за да се занимаваат со организациски работи, но не покажаа конкретен документ за да го поткрепат тоа тврдење.
Одговорност и докази од Владата за скандалот со функционерите бараат и од опозицијата.
Пратениците на СДСМ пак, искоментираа дека не можат да бараат одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните, бидејќи Владата била посебна институција.
Алсат објави документи за тоа како шестмина владини функционери отпатувале во Софија како новинари и останале три дена наводно за да присуствуваат и да известуваат за првата меѓувладина седница меѓу Владата на РС Македонија и Бугарија. Во точка 5 од записникот од 4-та седница на Владата јасно стои дека владината служба треба да обезбеди транспорт, сместување и ПЦР тестови само за новинарите. За овој случај предмет покрена и Антикорупциската комисија.
Мефаил Исмаили