Владата не планира законски измени за процесуирање на постапкипротив лица кои се наоѓаат на американската црна листа
Владата не планира законски измени за процесуирање на постапкипротив лица кои се наоѓаат на американската црна листа

Правните експерти сметаат дека нема потреба од нови закони, бидејќи дури и со постојните, може да се покренат постапки против луѓе кои се дел од американската црна листа. Дарко Аврамовски од коалицијата „Сите за правично судење“ вели дека за овие лица државата може да побара помош од Соединетите Американски Држави, да ги добие доказите што САД ги поседуваат и тука да спроведе независна истрага.
ДАРКО Аврамовски, КОАЛИЦИЈА “Сите за правично судење”
Владата не планира никакви законски измени во овој поглед. Велат дека и сега постојат законски основи за овие постапки, но институциите мора сериозно да си ја завршат работата.
„Ние, како Влада, сметаме дека правосудните органи треба сериозно да си ја вршат својата работа и да не не ставаат во ситуации кога треба да бараме нови решенија, за кои, дури и да има волја, ќе биде потребно дополнително време за нивно одобрување и спроведување. Задолжително е сегашните закони и Уставот да не се заобиколуваат, туку да се спроведуваат!“, велат од Влада.
Во меѓувреме, претходната власт побара измени на Законот за рестриктивни мерки, предложени од Бујар Османи, кога во јуни 2023 година, градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко беше ставен на црната листа. Согласно бараните измени, за секое лице прогласено за персона нонграта од страна на САД или Обединетото Кралство, се забранува кандидатура и вршење на јавни функции, како и учество во јавни набавки за правни лица./Алсат.мк
Ајнур Бафќари