Владата не планира зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години
Владата не планира зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години

Портпаролот на Владата, Марија Митева, рече дека не се планира зголемување на старосната граница за пензионирање, како што предлага Фискалниот совет, за да се отстранат ризиците за одржување на пензискиот фонд.
Во моментов, потребната возраст за пензионирање е 62 години за жени и 64 години за мажи, под услов да работеле најмалку 15 години. Но, Фискалниот совет, кој е независно тело сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години.
„Со оглед на значителното намалување на невработеноста, недостатокот на квалификувана и професионална работна сила, Фискалниот совет силно препорачува од 2026 година старосната граница за пензионирање за мажи и жени да се зголеми на 67 години„, велат од Фискален совет.
Во целост, Советот бара да се зголеми стапката на придонеси во пензискиот фонд, од 18,8% во моментов на 21% во 2029 година. Ризик за одржување на пензискиот фонд е и зголемувањето на бројот на пензионери на годишно ниво од 1.500 до 1.700, но и иселувањето на младите во странство. Од Сојузот на синдикати предлогот го нарекуваат несериозен.
„Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат да се закрпи буџетот во пензискиот фонд, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување на сите нивни примања, што ќе биде пример за другите! И во минатото бевме сведоци на вакви несериозни предлози од луѓе кои не се дел од работниците, на штета на работниците„, велат од Слободан Трендафилов, прв човек на Сојузот на синдикати.
Според последните податоци на Пензискиот фонд, во Македонија има над 342 илјади пензионери. Просечната пензија во земјава е 25.366 денари. Ревизорските извештаи низ годините потенцираат дека пензискиот фонд има дефицит на средства за исплата на пензии. Во 2022 година од државниот буџет се префрлени приближно 530 милиони евра. Финансискиот јаз меѓу приходите и расходите на пензискиот фонд е околу 33,5%./Алсат.мк
Суад Бајрами