ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата нема одлука за функционерите на АА

Дали функционерите на АА, кои не го следат својот лидер Таравари со оставка, ќе останат или не во влада,ќе се одлучува дополнително, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој наведе дека завчера се сретнал со лидерите на ВЛЕН, но дека ова прашање треба да се види и во контекст на локалните избори.

Advertisements

Мицкоски потврди дека Министерството за здравство останува на ВЛЕН.

Шефот на АА Арбен Таравари, еден ден по констатирањето на оставката од функцијата министер, отпатува за Тирана на средба со премиерот Рама и други политички претставници таму.

Тој изјави дека целта на овие средби е да се разговара за политичките случувања, стагнацијата на евроинтеграциите и причините за неговото заминување и додава дека една од причините е што голем дел од ветувањата на ВЛЕН не се исполнети.

Сите албански политички партии во Македонија имаат многу важни односи со Тирана и Приштина и ние се обидуваме да ги одржиме овие односи, ги цениме и сметаме дека соработката треба да продолжи без оглед на позицијата на власт или опозиција“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

И покрај оваа изјава, Таравари не беше на последната лидерска средба со косовскиот премиер Албин Курти. Веќе е јавно познато дека и премиерите Рама и Курти ги направија своите селекции во однос на фаворитите во политиката на Македонија. Курти беше фактор на обединување и поддржувач на ВРЕДИ, додека Рама, од друга страна, е поддржувач на ДУИ и критичар на обединувањето на тогашната албанска опозиција, во времето на формирањето на коалицијата ВЛЕН.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button