ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владата од вторник најавува поевтина салата

Владата од вторник најавува поевтина салата

Владата за вторник најави дека ќе донесе одлука за замрзнување на цените на дел од овошјето и зеленчукот. Очекува тоа да влијае на намалување на нивната цена на пазарите, особено со порастот на температурите и зголемувањето на производството. Министерот за економија Крешник Бектеши најави зголемени контроли на зелените пазари за да се спречат трговците да манипулираат со цените. (Изјава)

„Ќе има повеќе од десет производи кои ќе бидат опфатени во одлуката предложена од Министерството за економија, врз основа на податоците и на Царината и на Министерството за земјоделство. За жал, во текот на месец март, врз основа на истите податоци, одредени трговци со земјоделски производи, овошје и зеленчук, имале профитни маржи од над 100%, а во одредени случаи и 200%. Сигурно после 20 април или на крајот на април и почетокот на мај ќе се зголеми и домашното производство бидејќи тоа е и сезона кога имаме најголемо производство на овошје и зеленчук, а тоа позитивно ќе влијае на намалување на цените“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button