ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Владата одлучува дали ќе ги олабави анти-ковид мерките

Владата денеска, на редовната седница, ќе одлучува по препораките на Комисијата за заразни болести, а во однос на тоа дали ќе се намалат рестриктивните мерки, со оглед на намалениот интензитет на пандемијата.
Поради стабилизирање на состојбата со ковид -19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок предложи попуштање на мерките.