ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владата планира да ги скрати платите на администрацијата за 10%

Владата планира да ги скрати платите на вработените во јавниот сектор и во администрацијата. Сите новопотпишани колективни договори со кои се усогласува платата со растот на минималецот може да бидат поништени. Под закана се и дел од административците со пониски примања, на кои сега може нивните плати да бидат под 18 илјади денари. Синдикалците за Алсат велат дека ова е договорено на последната владина седница. А, документот го добиле на писмено на вчерашниот Економско социјален совет.

Advertisements

„Замислете, баш таму каде што ние во последните два месеци и во општините и во јавните претпријатија потпишавме 20 колективни договори каде што се утврди усогласување на плата за колку што баравме 2806 денари. И баш таму треба да се намалат платите за 10 отсто, колку што ние ги зголемивме“, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Дополнително, владата има намера дел од службениците да работат од дома. И тоа по системот на ротации. На тие административци се планира платата да им се намали платата во однос на работната позиција и висината на платата која ја добиваат.

„Властите велат дека би требало сите од јавен сектор да работат од дома без притоа да се наруши процесот на работа. Што значи тие ќе треба да утврдат кога ќе почне тој процес на ротирање за работа од дома, без притоа да се спомне дека тие вработени ќе имаат повеќе трошоци и повеќе сметки за плаќање. Сами ќе треба да се греат, сами ќе треба да платат интернет во корист на работодавачот“, додава Деаноски.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи вели во време на криза нема простор за калкулации. Штедењето мора да ги опфати сите.

„Се е начин на заштеда во овој период. Тоа не е документ и не е насочен кон УПОЗ, тоа оди во насока на креирање на методологијата и на законот за плати, така да, сеопфатно ќе се дадат резултатите“, рече Битиќи.

Во докумнентот во кој имаше увид Алсат пишува дека како мерка за штедење, се предвидува за 20 отсто намалување на прекувремената работа на полицијата Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност. Сојузот на синдикати жестоко се противи на ваквиот начин на штедење, сметаат дека намалувањето на плати во време на криза претставува огромно прекршување на работничките права. За разлика од планот за кратење на платите, владата реши да ги намали расходите за стоки и услуги, за репрезентативни трошења, и за службени патувања само за 20 отсто, а не повеќе.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button