Владата пропушти да го санкционира кризното профитерство

Потребни се ефикасни институции за да се намали кризното профитерство. Хаосот со цените предизвикува голема несигурност кај граѓаните и компаниите. Пред да се донесат мерки добро да се пресмета, колку и кому државната помош ќе му го олесни животот. Ваквите ценовни шокови предизвикуваат и проблеми со менталното здравје. Ова се дел од поентите од вечерашната емисија Економски мазагин на Алсат која ќе се емитува во 22 часот и 20 минути.
„Во пазарен механизам, во пазарна економија џентлменски договори нема. Ние ако донесеме некаква мерка, да ја субвенционираме електричната енергија за производителите, треба да кажеме кои производители, таа субвенција во колкав период ќе трае, таа субвенција во колкав износ ќе биде, таа субвенција во колкав износ ќе биде. Доделувањето на субенцијата по кој критериум ќе биде. Јас за сите овие прашања немам информации а нема ни јавноста“, рече Даниела Бојаџиева, универзитетски професор.