ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница

Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница

Седницата на Социјално-економскиот совет не донесе конкретна одлука. Не постои договор за минималната плата, но беше дискутирано да се создаде официјална потрошувачка кошница од страна на синдикатите, Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачите, како и министерствата за економија и финансии. Кошницата се очекува да биде формирана на следната седница на советот.

Advertisements

Слободан Трендафилов од ССМ изјави дека официјалната потрошувачка е обид да се минимизира ССМ, а не да се зголемат платите. Според него, минималецот на синдикатот ги одразува реалните потреби на четиричлено семејство, и ССМ е на располагање на државата, ако е потребно, за да помогне со пресметките кои се однесуваат на кошницата.

Претходно, претставниците на работодавачите рекоа дека е можно минималната плата да биде повисока од 450 евра ако владата субвенционира дел од придонесите./Aлсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button