ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата самата ќе си биде посредник во преговорите со СОНК?

Во вторник се очекува интензивно да започнат разговорите со посредник меѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во образованието и градинките и спроведување на колективните договори. Додека преговарачката програма се подготовува, опозициската ВМРО  ја обвини Владата дека посредникот назначен за решавање на ова прашање ѝ е всушност десна рака на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Според ВМРО, станува збор за измама и власта ги понижува наставниците.

Advertisements

„Посредник е лице вработено во кабинетот на министерот за труд и социјална политика. Не може да биде непристрасен кога една од страните е Владата, поточно Ковачевски и Тренчевска. Власта го прекрши Законот за мирно решавање на споровите“,  ВМРО ДПМНЕ

За посредник е назначена Драгица Исаиловска Митровска, по професија адвокат. Според извори на Алсат, таа била ангажирана како експерт за јавни набавки по доаѓањето на Јована Тренчевска на чело на министерството. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ги негираше обвинувањата на опозицијата и рече дека ќе се најде решение.

 „Искрено не би сакал да навлегувам во коментарите на опозицијата. Во принцип, можеби тоа е нивниот начин на владеење, секој кој преговара или функционира во нивно време бил блиску до власта. Мислам дека всушност треба да се искористат луѓето кои се повикани да ги усогласат позициите, да посредуваат меѓу двете страни, да го олеснат проблемот што го имаме. Тие се лиценцирани, така треба да ги искористиме“, Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Штрајкот во основното и средното образование беше привремено прекинат во четвртокот. Ова го одлучи Советот на СОНК по добиено известување од Министерството за труд и социјална политика за решение врз основа на Законот за мирно решавање на работните спорови. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button