ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата се фали за борба против корупцијата, но САД не гледаат искрена посветеност

Борбата против корупцијата и функционирањето на правосудниот систем се главните предизвици на С Македонија за членство во Европската Унија. Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, вели дека корупцијата длабоко го зафатила државниот систем.

Advertisements

Но, заменик-амбасадорот на САД во земјава, Ерик Мајер, порача дека функционерите се тие кои треба да се борат против корупцијата, но додаде дека не се гледа искрена посветеност кај власта.

„Избраните функционери треба да им служат на своите гласачи, а не на личните интереси. Тие треба да се борат против корупцијата. Институциите и судството треба да функционираат независно и транспарентно, но засега не го прават тоа. Зборуваме за нешто повеќе од само пишување или подготвување реформи, нешто повеќе од вакви конференции и дискусии, ниту за постигнување на некои примери и цели само на хартија. Се работи за нешто подлабоко, овде зборувам за реални реформи кои ги надминуваат едноставните законски измени“, рече Ерик Мајер, заменик- амбасадор на САД.

Шефицата на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска потенцира дека корупцијата кај нас стана секојдневие.

Ивановска додаде дека резултатите од анализите на Антикорупциската комисија ги извадиле на површина најопасните фактори кои доведуваат до раст на корупцијата. Секторите каде корупцијата е најизразена се јавните набавки, вработувањата во јавниот сектор, политичкиот систем, судството, органите за спроведување на законот, здравството, образованието, социјалната политика и многу други институции на системот.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button