ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Владата се очекува да прогласи кризна состојба во енергетиката

Владата денеска се очекува да донесе одлука за прогласување на кризна состојба за електричната и топлинската енергија која ќе важи од 1 септември. Од почетокот на септември стапуваат на сила и мерките за штедење на електрична енергија кои ќе важат до крајот на март следната година.
Надлежните институции уверуваат дека струја ќе има во престојниот зимски период и дека рестрикциите не се опција ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Компанијата, како што неколкупати досега изјави генералниот директор Васко Ковачевски, работи со максимален капацитет и во функција ќе бидат ставени сите расположливи капацитети.