Владата сè уште ги игнорира препораките за укинување на КОВИД-мерките

Како што се покачуваат пролетните температури, толку е помалку потребно да се носат маски. Граѓаните, иако нервозни поради обврската да носат маски на затворено, велат дека мораат поради здравствените протоколи. Но, никој не е казнет за прекршување на овие мерки. Освен на граничните премини, потврдата за вакцинација не е потребна на ниту едно друго место. Според експертите, тоа е во спротивност со кампањата што ја преземаат здравствените власти за вакцинација што е можно поблиску до домот.
„Верувам дека промотивните материјали за вакцинација не се доволни, луѓето полесно ја поминуваат варијантата омикрон отколку варијантата делта, па затоа не се целосно убедени да ја примат третата доза од вакцината. Затоа, во иднина, кога ситуацијата ќе биде под контрола, ќе се препорачуваат вакцини само за ранливите групи кои имаат хронични заболувања, како што е со грипот“, рече Елиона Шаќири, микробиолог во ЦЈЗ- Скопје.
Оваа недела немаше конкретни препораки од Комисијата за заразни болести освен предлогот за интензивирање на кампањата за вакцинација. Но, нивните препораки од 16 март и понатаму не добиваат епилог во Владата. Од Илинденска најавуваат дека Генералниот штаб за координација со кризи ќе се состане кон крајот на неделава, а на следната владина седница идната недела, ќе се расправа за записникот.
За разлика од Македонија, земјите од регионот веќе на големо ги укинуваат рестриктивните мерки.
Аднан Ќаили