Владата сè уште не одлучила дали ќе се откаже од одредбата за амнестија од Законот за урбанистичко планирање

Владата сè уште не одлучила дали ќе се откаже од одредбата за амнестија од Законот за урбанистичко планирање. Забелешките на претседателот ќе бидат вклучени во текстот, но не и одредбата што предвидува престанок на кривични дела против физички и правни лица. Нема да има одредби што овозможуваат легализација на нелегални објекти во заштитените подрачја.
Јавната расправа ќе ја организира Министерството за транспорт и врски. На почетокот ќе се слушнат забелешките на пратеничките групи, а на самиот крај граѓанските организации и урбаните експерти.
Законот за урбанистичко планирање е во трето читање. Собранието треба да се проинесе дали ќе го поддржи или не истиот во рок од 30 дена. За време на дискусијата, можат да се поднесат амандмани само за забелешките на претседателот. Претседателот не го потпиша со образложение дека одредбата за прекинување на кривичните постапки се предвидува амнестија за лица кои изградиле дивоградби, како и за одредени градоначалници. Доколку законот помине на трето читање, претседателот е должен да го потпише истото. Во меѓувреме, невладините организации поднесоа иницијатива за уставноста до Уставниот суд.
Адријан Керими