Владата стравува од хаварии во РЕК Битола и Осломеј
Владата стравува од хаварии во РЕК Битола и Осломеј

Советот за безбедност по завршувањето на состанокот објави антикризни мерки кои неколкупати беа најавени од Владата. Во периодот што следи државата треба да набави дополнителен јаглен, мазут гас и дизел гориво. Во функција ќе бидат ставени сите производствени капацитети за електрична енергија. Шефот на државата Стево Пендаровски ја алармира јавноста дека зимата ќе биде тешка.
„Советот за безбедност го свикав затоа што сметав дека е важно да ги слушнеме сите надлежни на тема која овој период е далеку најважна за сите нас, и не засега буквално сите. Не е тајна, како Европа, така и нас нè очекува тешка зима“, изјави Стево Пендаровски претседател.
Премиерот Ковачевски посочи дека досегашните владини мерки за справување со енергетската криза резултирала со ублажување на ценовните шокови за граѓаните. Премиерот тврди дека постои план на државните електрани со кој се предвидува зголемување на производството на струја за 25 отсто. Сепак тој стравува од можни хаварии.
„Постојат ризици. Непредвидени испади на термо-блоковите во Битола и Осломеј заради апсолутната застареност на опремата која е постара од 40 или 50 години“, рече Стево Пендаровски претседател.
Вчера премиерот Ковачевски со неговиот бугарски колега Галаб Донев договорија дека од Бугарија земјава ќе купи електрична енергија односно 200 мегавати струја за потребите на големите компании кои излегуваат на слободниот пазар. Од први овој месец веќе е во сила кризната состојба во енергетиката, а се воведоа и мерки за штедење во јавните институции. Но, во првите денови тие мерки за штедење не се почитуваа во дел од министерствата и во владината зграда и покрај тоа што се најавени санкции за раководните лица доколку нема намалување на потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто во споредба со истиот месец лани.
Иле Петревски