Владата тврди, одлуката за обештетување на Бранителите има основа, но…

Владата тврди дека нејзината одлука за обештетување на Бранителите одобрена на 25 мај 2022 година е валидна. Во одлуката се наведува дека таа била донесена врз основа на мислењето на два институции.
„Одлуката на Владата на РСМ да го прифати паричниот надоместок на четворица припадници на безбедносните сили како заслужен надоместок за нематеријална штета е донесена врз основа на мислење добиено од Министерството за внатрешни работи и државниот правобранител“, наведуваат од Владата.
Но, документот што го обезбеди Алсат се чини ја демантира Владата. Во членот 2 од овој документ страните се обврзани со владина одлука да ги прекинат сите постапки.
Одлука на Владата, член 2:
„Државниот правобранител како законски застапник на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи е должен да се откаже од постапките за извршување и против-извршување против лицата од член 1 на оваа одлука“.
За да потврдиме дека Владата не го прикрива скандалот, побаравме согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер да ни го достави мислењето од МВР и од Државниот правобранител. Досега не добивме одговор. Потписот на вицепремиерот Артан Груби, стои на одлуката на Владата за обештетување на четворицата поранешни припадници на безбедносните сили во 2001 година. Покрај потписот на Груби, на крајот од документот е и потписот на Тахир Хани во својство на лице кое формално-правно го одобрило документот.
Аднан Ќаили