Владата уште брои опции за греењето и струјата

За две недели почнува грејната сезона во Скопје, но извршната власт сè уште нема конкретизирано никаков договор за снабдување со енергетски ресурси од соседните земји за справување со кризата. Владата додели 1 милијарда и 100 милиони денари на ЕСМ за увоз на природен гас. Но, додека не се обезбедат потребните кочини за грејната сезона, компаниите имаат резервен план, иако помалку еколошки, да горат мазут, велат од Владата.
„Фирмата ТЕ-ТО и топланите во Скопје можат да работат и со согорување на мазут. Сè додека не се постигне договор за природен гас со Србија или струја со Бугарија, последната опција останува користењето на мазутот. Се надеваме дека нема да се случи, но преку Грција ќе се снабдуваме и со мазут. Со цел да се зголеми локалното производство на енергија, се очекува да купиме и опрема што работи на дизел. ЕСМ е должна да ги направи сите потребни економско-технички анализи за да ѝ претстави на Владата кои се опциите за купување на електрани кои работат со дизел“, наведуваат од Владата.
Советникот на премиерот за енергетика, Виктор Андонов изјави дека се анализира можноста за купување гигантски агрегати за производство на струја, кои согоруваат нафта. Според него, сите овие опции се резервен план на државата за снабдување на граѓаните со струја по иста цена.
Десетте најголеми компании од земјава кои трошат 20 отсто од електричната енергија сè уште немаат добиено одговор дали ќе бидат вклучени во владините мерки против енергетската криза. Од нив 6 набавуваат струја на отворениот пазар и добиваат неколкукратно повисоки сметки што директно влијае на зголемувањето на цените на финалните производи на пазарот.
Аднан Ќаили