ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата уште најмалку 10 дена нема да ги земе во предвид барањата на синдикатите за покачување на минималната плата

Владата уште најмалку 10 дена нема да ги земе во предвид барањата на синдикатите за покачување на минималната плата

Владата уште најмалку 10 дена нема да ги земе во предвид барањата на синдикатите за покачување на минималната плата. Оттаму велат дека економско социјалниот совет предвидено е да се оджи во втората половина на месец март, каде што ќе бидат разгледани сите барања и ќе донесат соодветни решенија.

Advertisements

„Веруваме дека за сите предлози и прашања од засегнатите страни ќе се донесат решенија кои ќе го подобрат животниот стандард и ќе имаат позитивни ефекти за граѓаните, работниците и бизнис секторот“, велат од Влада.

Покачување на минималната плата за најмалку 7000денари, бараат од „Гласен текстилец“. Според нив, дојде време кога работничката класа не може да си ја набави најскромната трпеза. Ампева додава, доколку нема никаков слух од Владата ќе бидат принудени на блокади.

„Сметам дека најмалку што треба да направат функционерите, пратениците кои што дефакто им се покачени платите за 78 проценти, плус од нова година па навака уште за 210евра, луѓе кои што зимаат 2 илјади и кусур евра плата и дневни 4500 денари патни трошоци. Сметам дека минимално што треба да го направат за оние што ги гласале и кои што ги седнале во тие фотели, дека треба да се покачи минималната плата на 31000 денари“, рече Кристина Ампева – Активист за работнички права.

Ставот на Oрганизацијата на работодавачи е дека, Македоија има просечна плата повисоки во однос на другите држави и според нив потребно е да се изврши само усогласување на минималната плата со законските критериуми и таа треба да изнесува 24400 денари.

Не се исклучуваат можностите за генерален штрајк, ако се нема слух за покачување на минималната плата за најмалку 6000 денари, изјави вчера првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој ги повика пратениците во собранието да бидат сложни за раст на минималната плата исто како што биле сложни и за патните трошоци./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button