МАКЕДОНИЈА

Владата усвои сет препораки за училиштата за подигнување на безбедноста во училишните објекти

Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно за подигнуивање на безбедноста во училишните објекти, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција во Владата.

Advertisements

Министерот појасни дека станува збор за десет владини препораки кои се плод на еден широк процес на консултации со добиени сугестии до академската фла и експертската јавност и истакна оти верува во ефикасноста на препораките.

-Прво, им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови на ниво на општините во чиј фокус на работа ќе бидат разговори, поединечно со секое дете ученик во секое училиште. Второ му се укажува на Државниот совет за превенција на детско претстапништво да достави информации за работа и колку општински совети за превенција се опфатени и во следниот период да ја засили комуникацијата со МОН во насока на преземени активности за градење клима на доверба и добросостојба во училишта. Во активностите на Општинските совети да се предвиди вклучување на Сојузот на средношколци, образложи Шаќири.

Трето, додаде, им се укажува на сите основи и средни училишта да одржат состаноци со сите родители, старатели на тема „Подобрување на процесите, безбедност на организација и состојбите на училишните објекти и околината“, на крајот на состаноците потребно да се отворат дискусии дали се потребни училишни уиформи како кодекс на облекување на учениците, родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците и да се размисли за надополнување на постоечкиот кодекс со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби.

Потребно е, рече Шаќири, на овие состаноци родителите да се потсетат на законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот закон во делот на одговорноста при извршување на родителското право. Училиштата е потребно да ги известат МОН за присутноста од страна на родителите на овие состаноци, на овие состаноци секој пеодинец треба да се запознае со веќе усвоените десет препораки.

-Во кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби да одговараат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат надминување на несигурноста и задржување на чувството на безбедност во училиштата. Секое училиште треба да направи и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците за време на часовите во просториите на училиштата. Укинување на потреба на мобилните за време на часовите ќе поттикне повеќе дискусија, размена на идеи и случно, појаснува Шаќири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button