ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата во оставка, избран нов собраниски спикер

Владата во оставка, избран нов собраниски спикер

Опозицијата со аплуаз ја поздрави оставката на владата и оставката на актуелниот прв човек на Собранието. За владата, промената што се прави е уште еден чекор кон развојот на државата.
Со мнозинството од 64 гласа „за“ Јован Митревски беше избран за нов претседател на Собранието. Тој доаѓа на местото на досегашниот Талат Џафери.

Advertisements

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека деструктивното седумгодишно владеење е при крај. Опозицијата гласаше против изборот на Митревски.

Левица во салата пренесе порака од стружани, родниот град на Митревски.

По добивањето на мандатот, Митревски рече дека ќе биде претседавач кој ќе биде еднаков кон сите пратеници.

Во салата не беа пратениците од албанската опозиција Изет Меџити, Африм Гаши, Сафије Садику Шахини, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи./Алсат.мк

Фатлуме Рушити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button