ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владата во ветер фрли 1,5 милиони € за субвенционираната струја за фирмите

Еден и пол милион евра изнесува сумата која државата ја потроши за прехранбениот сектор да добие поевтина струја од онаа која бизнисот ја набавува од берзите. И покрај оваа поволност, производителите на храна, односно 85 отсто од фирмите кои користеа субвенционирана електрична енергија, не ги намалија крајните цени за граѓаните.

Advertisements

„Просечно е потрошено, како разлика од тоа што било производствена цена и цена која била на берзите, околу 500 илјади евра месечно“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Од 1 април прехранбениот сектор повеќе не користи ваква субвенционирана струја од државата. Им беше укината бидејќи бизнисмените не го почитуваа џентлменскиот договор. Потоа Владата призна дека беше изиграна од страна на најголемиот дел од компаниите кои произведуваат храна, бидејќи сега не може ниту да ги санкционира. За да има казна требало да има закон, кој предвидува глоби. Но, власта веруваше во устен договор. Него стопанствениците го погазија и си го зголемија профитот, а граѓаните продолжија да купуваат скапи производи.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button