ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владејачката коалиција иницира Манифест за поддршка на преговорите со ЕУ

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и другите партии иницираа Манифест за поддршка на водењето на преговорите за полноправно членство на С Македонија во Европската Унија.

За иницирањето на Манифестот денеска речеси во исто време преку писмени соопштенија информираа од СДСМ и од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Кратко по нивните објави се огласија од Алијанса за Албанците кои ја потврдуваат својата поддршка на документот.

„СДСМ како државотворна партија е предводник на концептот за европска иднина. Во оваа насока СДСМ, заедно со политичките партии од коалицијата дава силна поддршка на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ. Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму порачуваат дека е време за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на Манифестот, со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во Европската Унија.

„Политиките на СДСМ и коалицијата, за интеграција во НАТО и полноправно членство во ЕУ не се само политики за остварување на врвните стратешки приоритети и национални интереси, тоа се политики за сигурна и стабилна иднина за сите граѓани, економски напредок, развој и европски вредности. Ние сме чувари на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција, но и на заедништвото меѓу сите наши граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност. Токму преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните. Визијата за европска држава, рамо до рамо со големите државотворни европски народи е нашата голема идеја и дел од нашето државничко делување во изминатите години“, велат од „Бихаќка“.

Целиот текст на Манифестот во продолжение можете да го прочитате на следниот ЛИНК:

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button