МАКЕДОНИЈА

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров на 12-годишнината од неговата смрт

На 12-годишнината од смртта на Киро Глигоров, денеска делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Advertisements

„Денеска, кога се навршуваат 12 години од смртта на Киро Глигоров, Владата му оддава признание на еден од врвните лидери од независноста на државата кој со своите мудри политички одлуки ги постави правците за развојот на македонската држава. Глигоров е еден од најистакнатите градители на современото македонско општество, чувар на мирот, доследен и успешен следбеник на македонските дејци за независна и признаена држава“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button