ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре е во посета на Обединетото Кралство каде што ќе биде потпишан договорот Влада со Влада во рамки на договорот за стратешкото партнерство меѓу двете земји со кој Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти од шест милијарди евра.

Advertisements

Посетата на Николоски е на официјална покана од британската влада, а следи откако Владата вчера го усвои Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Во владината делегација која ќе ја предводи Николоски се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски.

Со договорот што ќе се потпише целта е да се воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.  Планираните проекти со договорот се изградба и реконструкција на железничкиот Коридор 10 од Табановце до Гевгелија кој се проценува дека ќе чини  до две милијарди евра, а околу 200 милиони евра би чинела изградбата на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом во Штип, целосната реконструкција на Клиничката болница во Тетово како и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button