Владината колаиција стабилна и покрај случувањата во ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски не чувствува никаква опасност за парламентарното мнозинство поради внатрешните случувања во ДУИ. Ковачевски вели дека мнозинството е стабилно и покрај тоа што двајца пратеници од мнозинството се од групата незадоволни во ДУИ, а стабилноста зависи и од двајца независни пратеници.
За оставката на Горан Милевски од функцијата министер за локална самоуправа, Ковачевски рече дека таа одговорност останува на Либерално Демократската партија.
Од ЛДП велат дека во наредните денови ќе се состанат партиските органи за да го предложат името на министерот за локална самоуправа. Неофицијално, се очекува местото на Милевски да го заземе Ристо Пенов. Милевски од министерска позиција рече дека се повлекол од лични причини – тој имаше и поинаков став од парламентарното мнозинство за францускиот предлог со кој се реши спорот со Бугарија и за заклучоците одобрени во Собранието, за кои гласаа пратениците на ЛДП. Во ноември се очекува Милевски да го напушти раководството на партијата. На неговото место претендира заменичката на оваа партија, Моника Зајкова.\Aлсат.мк
Aдриан Керими