
Ограничувањето на маржите не е гаранција дека финалните цени за граѓаните нема да се зголемат. Растот на цените на суровините, на струјата, на транспортот, па и на работната сила, производителите ќе го вкалкулираат во нова цена. Во Економски магазин на Алсат производителите велат дека ќе сторат се да нема нов ценовен шок, но за тоа велат дека им треба помош и од државата.
„Ова е делумно решение, затоа што повторно производителите каде што на влезот, импутите се значително зголемени говорам за цената на електричната енергија каде е 400 отсто зголемена, горивата, суровините се од 60 до 80 отсто зголемени, минимална плата, недела неработен ден сето тоа се рефлектира на влезната страна при производство на производите“, рече Горан Георгиевски претседател на Агро Бизнис Комора при ССК.
Бизнисмените сметаат дека моменталната состојба во секторот трговија во земјава е во лоша состојба. Тоа според нив го забележуваат и банките, и компаниите полека ја губат кредитоспособноста која ја имале пред шесет месеци.
„Владата ќе требаше да направи подетална анализа во однос на способноста за кредитирање на компаниите. Ние мислиме дека компаниите досега не го земале предвид да ги променат критериумите за кредитирање, но тие секако дека зависат од способноста на компаниите и ова се разбира дека ќе влијае негативно особено кај микро и малите компании“, рече Дурим Зеќири Оперативен менаџер на Стопанска комора на Северозападна Македонија.
Владата вчера ги ограничи маржите на трговијата на големо на пет отсто, и на мало на 10 отсто. Ограничен ќер ќе имаат трговците во однос на продажбата на основните прехранбени производи за кои важеше правилото да се продаваат по замрзнати цени. Новата мерка на сила ќе биде до 31 мај.
Иле Петревски