Владината телефонска линија за пријавување корупција пет месеци по најавата сè уште не е пуштена во употреба
Владината телефонска линија за пријавување корупција пет месеци по најавата сè уште не е пуштена во употреба

Пет месеци по најавата, Владата се уште не ја отворила телефонската линија што ја најави премиерот Христијан Мицкоски, во која граѓаните ќе можат да пријават корупција и девијантно однесување на политичарите и административците. Владата, велат од таму, работи на профункционирање на телефонската линија, а се преземаат дополнителни мерки за борба против корупцијата, се вршат ревизии и ги информираат надлежните органи за констатираните прекршоци.
„Во моментов, телефонската линија за која прашувате сè уште е во фаза на имплементација, а јавноста ќе биде информирана преку соопштение за деталите за контакт и начинот на користење. Нашата цел е да обезбедиме систем кој е безбеден, транспарентен и корисен за сите граѓани. Исто така, се преземаат мерки за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите. Во таа насока, ревизиите веќе се спроведуваат, додека резултатите се испраќаат до надлежните органи за понатамошно дејствување“, велат од Владата на Северна Македонија.
Поранешниот член на Антикорупциската комисија, Шемси Салаи, оценува дека и покрај ветувањето, ваква телефонска линија нема да биде потребна, бидејќи постојат голем број институции во земјата каде што може да се пријават случаи.
„Дури и да го направиле тоа или не, нема потреба од таква линија бидејќи го мултиплицира бројот на места за пријавување а не се добиваат резултати.. Имаме органи каде што може да се пријават, тука е Државната комисија за спречување на корупцијата, каде што има многу случаи дури и во периодот кога бевме како тим од 2019 до 2024 година, имаше голем прилив на граѓани, но поради неактивноста на власта и другите органи, Обвинителството или разни инспекторати, кои не постапуваа по нашите иницијативи, загубен е малку интересот и беше изгубена волјата на граѓаните да пријавуваат“, рече Шемси Салаи, поранешен член на Антикорупциска.
Според Салаи, досегашните владини мерки за борба против корупцијата се само декларативни, но без конкретни резултати.
„Активностите на оваа влада, од моментот на нејзиното формирање некаде минатото лето до сега, беа повеќе декларативни да се каже како и секоја влада досега. Имаше иницијативи, имаше движење во таа насока дека наводно има отворање на постапки за х лица, кои биле или се вклучени, но од досегашните резултати се покажува дека само во декларативна форма, немаме ништо конкретно и никаков конкретен резултат“, додаде Шемси Салаи, поранешен член на Антикорупциска.
Владата предводена од Христијан Мицкоски постојано става посебен акцент на борбата против корупцијата како еден од најсериозните проблеми со кои се соочува државата во последните години. Се отворија неколку предмети за високо ниво на корупција во Државна лотарија, каде се обвинети поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор Перпарим Бајрами. Понатаму, предметот Адитив, каде е обвинет поранешниот директор на Електрани на Македонија, Васко Ковачевски. Исто така, отворен е предмет и против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчевски, но и предметот за злоупотреби при изградбата на фасадата на Владата./Алсат.мк
Суад Бајрами