Владиниот предлог Азир Алиу да биде избран за следен министер за здравство по заминувањето на Арбен Таравари ќе биде на дневен ред во Собранието утре
Владиниот предлог Азир Алиу да биде избран за следен министер за здравство по заминувањето на Арбен Таравари ќе биде на дневен ред во Собранието утре

Пред пратениците на Собранието на Македонија, утре ќе биде предлогот на Владата за новиот министер за здравство Азир Алиу, кој треба да го замени Арбен Таравари. На дневен ред е и предлогот за заменик-министер за земјоделство Албрим Хоџа, кој треба да дојде на оваа позиција на местото на Флакрон Беџети. За утрешната седница нема информации за позицијата заменик-министер за одбрана, бидејќи оваа позиција беше испразнета со заминувањето на групата на Таравари од владата.
Во објавената биографија на Азир Алиу е наведено дека тој е доктор по информатика и универзитетски професор. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во периодот 2023-2024 година, а имаше и други високи функции, вклучително и советник на премиерот за образование, наука и информатичка технологија во периодот 2013-2017 година.
Од друга страна, Албрим Хоџа, кој ќе седне на фотелјата заменик-министер за земјоделство, е дипломиран правник, а претходно работел како виш соработник за администрирање и плаќање на локални даноци во општина Струга, новинар, истражувач и маркетинг агент.
Промените во извршната власт се случија по несогласувањата во коалицијата ВЛЕН кои кулминираа со заминување на дел од Алијанса за Албанците, предводена од Арбен Таравари. Шефот на AА ја оправда и поддржа одлуката за етнички прашања, споменувајќи го Балансерот, но и законот за правична застапеност и етничко вработување во институциите. Сепак, другиот дел, предводен од Арбен Фетаи и Азир Алиу, не се согласи со одлуката за напуштање на владата, бидејќи според нив тоа се прави со намера за соработка со опозициската ДУИ.
Одлуката се одрази и во бројките на парламентарното мнозинство. Првично, Таравари имаше 5 пратеници во рамките на ВЛЕН, но потоа останаа само тројца. Пратеничката Мимоза Муса одлучи да остане во ВЛЕН, додека пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка, а на негово место дојде Валбона Адили Емини, која не го поддржува Таравари. ВЛЕН остана со 11 пратеници по заминувањето на Таравари од Владата./Алсат.мк
Суад Бајрами