Владините мерки од четвртиот анти-ковид пакет пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска на пленарна седница треба да расправа за дел од најновите владини предлог-закони со кои се опфатени мерки од четвртиот анти-ковид пакет.
За сите предлог-закони се бара донесување во скратена постапка.
Пред пратениците ќе бидат Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од КОВИД-19 за октомври, ноември и декември 2020 година, Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од КОВИД-19 заради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, како и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.