Владите во Скопје и Софија наскоро ќе треба да го дефинираат датумот на меѓувладиниот состанок

Акцискиот план за спроведување на договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија е дефиниран, потврди премиерот Зоран Заев. Тој рече дека следната недела или многу скоро, министрите за надворешни работи на двете земји ќе го одредат датумот на билатералната меѓувладина конференција.
Германската амбасадорка рече дека соработката може да помогне да се најде решение за билатералниот спор.
„Разговорите на високо ниво меѓу германската влада и вклучените страни продолжуваат. Интензивно работиме со португалското претседателство, како и со Северна Македонија и Бугарија. Ги охрабруваме да соработуваат на широка агенда и оваа соработка ќе биде најдобриот начин да се направи чекор напред и да се постигне договор од 27-те земји- членки, за да можеме да ја одржиме првата меѓувладина конференција“, рече Анке Холштајн, амбасадорка.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја повика земјата да негува добри односи со Бугарија, како што има со Србија.
„Бугарија сигурно дека не води војна, ниту со Северна Македонија ниту со Србија. Но, не е тајна дека силното влијание на Белград во Скопје се стреми кон српскиот јазик, српскиот бизнис и институциите. Овој тренд не запре во последните 30 години. Но, целта на Бугарија не е да ги раскине нивните врски. нека бидат пријатели. Само сакаме да имаат пријателски пристап и кон нас. Да бидеме сите пријатели“, вели Захариева.
Захариева го критикуваше недостатокот на железничка линија и административни бариери за бизнисите.
Анеса Салиху