ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власт или опозиција – одлучуваат партиските тела на Алтернатива

Алтернатива веднаш започна внатрепартиски консултации со ограноците за следните чекори во наредните денови. Партијата на Африм Гаши ја разгледува можноста да влезе во владата или да остане во опозиција. Денеска за Алсат не сакаа да дадат детали за позициите „за“ и „против“ по вчерашната средба на Зоран Заев и Африм Гаши.

„Синоќа по завршувањето на средбата, претседателот објасни за периодот што следи внатре во партијата. Додека партиските органи не ја завршат расправата и не се донесе одлука, нема што да додадеме“, наведоа од Алтернатива.

Во оваа партија има поделби меѓу оние кои се „за“ и „против“ влез во Владата. Алсат од партиски извори дознава дека на страната на оние кои сакаат партијата да се приклучи со власта се и пратениците. Но, исто толку гласни се и оние кои се противат.

Следните денови се користат за допрецизирање на позициите за потоа страните да одлучат дали ќе продолжат со преговорите. Како што објасни премиерот Заев, на средбата се разговарало за прашања поврзани со извршителите, неразвиените региони и социјалните аспекти. Доколку има договор и се прифатат овие услови, ќе биде потребна промена на владината програма. Заев и Гаши рекоа дека не разговарале за министерските позиции.

Средбата на Гаши со Заев не беше коментирана од Алијанса за Албанците која е актуелен коалициски партнер на Алтернатива. ВМРО-ДПМНЕ, пак, жали за Алтернатива доколку реши да ја напушти опозицијата и да стане дел од власта.

Конечната одлука се очекува во текот на следната недела. Заев рече дека кога ќе се осигура дека мнозинството е стабилно, ќе поднесе оставката. Тој најави средба на централното раководство на партијата во вторник на која ќе се официјализира неговото заминување од партијата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button