ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта бара поддршка за уставните измени, опозицијата пак, предвремени избори

Власта бара поддршка за уставните измени, а опозицијата предвремени избори. Од СДСМ денеска истакнаа дека предложените измени се технички и не задираат во идентитетски прашања, како што тврди опозицијата. Социјалдемократите обвинија дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал други планови за интеграцијата на државата, алудирајќи на неговата изјава дека тој ќе предводи македонска агенда, а не европска.

Advertisements

„Ако се навистина за влез во ЕУ, како што постојано декларативно се залагаат, Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка на уставните измени. Се друго е сеење ветар и магла и дејствување спротивно од стратешките интереси. Овие уставни измени се последната шанса Мицкоски и ДПМНЕ да застанат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина сакаат да ја видат државата како полноправна членка на ЕУ“, рече Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикаа власта да не оди против волјата на, како што истакнаа, огромно мнозинство од граѓаните и да не ги турка со сила уставните измени. Тие побараа предвремени парламентарни избори.

„Удрија во ѕид. Двотретинско мнозинство немаат. Ги повикуваме да си ги скратат маките и да ги стават предлог измените на гласање. Тука нека заврши нивната агонија, а потоа на избори граѓаните нека одлучат чиј концепт ќе го поддржат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Мицкоски истакна дека власта ќе го одложува процесот на гласање на уставните измени за да избегне избори. Според него, логичен исход од неуспехот на уставните измени би бил распишување на предвремени избори, кои тој ги предложи за наесен. Од власта пак повторија дека парламентарните избори ќе се одржат наредната годива во редовниот термин, иако опцијата за предвремени избори беше поставена на маса на лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски, за што двајцата постигнале договор, но со услов опозицијата да обезбеди двотретинско мнозинство.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button