ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта е во опасност да го загуби парламентарното мнозинство?

Демократската обнова на Македонија ќе го напушти парламентарното мнозинство доколку Владата не ги прифати нивните забелешки за францускиот предлог поврзани со историските прашања. Маја Морачанин вели дека одлука ќе се донесе откако за предлогот ќе се расправа во Собранието.

Advertisements

„Доколку не се прифатат нашите барања и забелешки, секако дека ќе ја напуштиме Владата. Тоа е политичка одлука за која немаме компромис“, рече Маја Морачанин, Демократска обнова на Македонија.

Горан Милевски од Либерално-демократската партија вели дека сè уште немаат цврст став дали би го напуштил парламентарното мнозинство доколку предлогот не се измени.

„Сè уште сме во фаза на усогласување на нашите ставови. Ќе бидете известени кога ќе ја донесеме конечната одлука“, рече Милевски.

Павле Трајанов, кој беше најгласен дека ќе ја напушти Владата, сега смета дека само како пратеник не може да ја урне Владата. Неговите барања се предлогот да се измени со отстранување на историските прашања од предлогот и од преговарачката рамка.

Владата доби поддршката на Беса за францускиот предлог, но партијата на Биљал Касами бара уставни измени.

„Сметам дека овој предлог треба да се поддржи во насока на отворање на евроатлантскиот пат на земјата. Ако се отворат уставните измени, ќе имаме и наши барања кои се однесуваат на цензусот ‘20%’ да се замени со ‘албански јазик’“, рече Фадил Зендели, Движење Беса.

Владата ја ужива поддршката и од независните пратеници Скендер Реџепи и Кастриот Реџепи. Фактичката состојба вели дека Владата би можела да добие поддршка за предлогот ако се стави на гласање и без поддршка од малите партии, кои се дел од предизборната коалиција на СДСМ. Останатите субјекти, претставени главно со еден пратеник, не ги открија своите ставови за предлогот.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button