ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта и албанската опозицијата се судрија за барањето кризната состојба да продолжи уште ПОЛОВИНА ГОДИНА!

Политичките партии ги судрија ставовите по одлуката на Владата да побара продолжување на кризна состојба во траење од 6 месеци. Според СДСМ, предлогот дошол од Центарот за управување со кризи и треба да се спроведе.

Advertisements

Албанската опозиција пак, смета дека барањето на Владата е непотребно и необмислено.

„Собранието е функционално и ако се расправа за потребата од продолжување на ситуацијата пред пратениците, тогаш може да се продолжи за уште еден месец и така може континуирано да се одлучува секој следен месец, секогаш ако има потреба од кризна состојба. Од друга страна, Владата со вакво продолжување на кризната состојба сака да ја покрие својата неспособност за професионално управување со пандемијата.“

ВМРО-ДПМНЕ засега остана без реакција и оттаму не одговорија на прашањата на Алсат дали се согласуваат кризната состојба да се продолжи за шест месеци.

Fatlume Dervishi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button