Власта и опозицијата со различни ставови во врска со покачување на минималната плата
Власта и опозицијата со различни ставови во врска со покачување на минималната плата

Во време кога треба да очекуваме покачување на минималната плата, власта и опозицијата со различни ставови, за тоа колкаво треба да биде покачувањето .
Од Вмро – Дпмне му порачаа на првиот човек на Сојузот на Синдикакте на Македонија, Слободан Трендафилов да не се однесува како порпарол на СДС или тој им враќа за претседателското столче во синдикатот.
„Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС.Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.Барањата на ССМ се барања направено во СДС.Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
И опозицијата СДСМ излезе со нов предлог закон, со цел подобрување на животниот стандард на граѓантие. Тие нудат законско решение со цел покачување на платите на 400,000 работници, од 3,000 до 15,000 денари, без дополнителен товар на работодавачите, односно придонесите да бидат замрзнати.
„Придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување ќе бидат замрзнати на просекот од последните три исплати и тоа во траење од една година. Ова значи сигурност и предвидливост за компаниите, но и повисоки приходи за работниците.Оваа мерка ќе важи за сите работници со нето плата до 65.380 денари, што опфаќа околу 400.000 вработени во државата“, рече СДСМ – Богданка Кузеска.
Од Левица пак го подржуваат предлогот на Сојузот на синдикаите на Македонија и бараат веднаш да биде прифатен. Тие велат дека зголемувањето на минималната плата е неопоходна со цел намалување на сиромаштијата и социјалните разлики.
„Додека цените растат, а Мицкоски советуван од скапите владини советници се занимава со забрани за граѓаните да јадат цреши и грашок од конзерва, Левица ги повикува да се соочат со реалноста и да го вратат достоинството на работникот. Прифаќањето на предлогот на ССМ е минимумот што треба да го направи оваа власт и истиот е повеќе од релевантен и вистински ја одразува состојбата со порастот на цените. Редно е власта да се оддели од спрегите на бизнисот и да сработи нешто за своите граѓани на кои им„, велат од Левица.
Согласно законот, минималната плата треба да се зголеми за 1,800 денари, односно ќе изнесува 24,400 денари и таа треба да се утврди во средината на март на следниот економско социјален совет./Алсат.мк
Ангел Димовски