ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Власта и опозицијата спротивставени околу петтиот пакет мерки

Примарна и најважна мерка за петтиот економски сет, според ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде обезбедување на најмалку два милиони вакцини до крајот на јули. Без оваа мерка, Трајко Славески оценува дека парите позајмени од странство се трошат без причина, што државата ќе мора да ги врати со камата.
Но, СДСМ го смета петтиот економски сет како уште еден чекор кон економско закрепнување и враќање на државата како пред вирусот. Владата и опозицијата не се согласуваат и околу ефективноста на сите претходни економски пакети промовирани од Владата.
Фатлуме Дервиши