ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта ја оправдува најавата на Мицкоски за формирање специјално тело за борба против корупцијата

Владата ја појаснува најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе формира посебно тело и линија во која граѓаните ќе можат да пријават корупција или девијантно однесување во институциите, со цел, како што рече, да се промени перцепцијата на граѓаните дека живеат во криминална држава. Владата за Алсат нагласува дека причина за формирањето на ова тело е недовербата во антикорупциска, обвинителството и полицијата.

Advertisements

„Овој тим и отворената линија се само уште една алатка за борба против мито и корупција, олеснувачка и блиска до граѓаните. Ги броите, Антикорупциска, Обвинителство, полиција, но знаејќи ја веродостојноста и недовербата во системот, оценуваме дека ваква линија и тим се корисни дури и за самите наведени институции до кои соодветно ќе се испраќаат пријавите“, велат од Владата.

Засега не се знае кој ќе биде дел од овој тим и какви законски овластувања ќе има. Во меѓувреме, експертите за Алсат потенцираа дека ваков тим е непотребен во услови кога, меѓу другото, на сила е Законот за заштита на укажувачите, кој ја дефинира процедурата за пријавување незаконско однесување во институциите и ги штити укажувачите.

„Надлежно велам дека законот за укажувачи ја уредува оваа работа таксативно и секоја институција треба да има лице кое ќе ги прифати пријавите и тие што пријавуваат девијантни појави имаат можност, доколку не се чувствуваат сигурни да при пријавувањето внатре во институцијата, нека пријават пред Државната комисија за спречување на корупцијата“, рече Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциска.

Според законот предвидени се три нивоа на пријавување. Имено, внатрешно пријавување, кога случајот се пријавува во институцијата или фирмата за која постои сомневање дека има законска повреда. Во овој случај, тој што ја прифаќа пријавата е должен да постапи по истата. Второто ниво е надворешно пријавување, имено пред Антикорупциска комисија, полиција, обвинителство и Народен правобранител или која било друга надлежна институција. И третото ниво е јавното, кога постои закана за безбедноста на укажувачот или евентуално оштетување и уништување на доказите. Укажувачите се многу важен елемент за демократските општества, кои често се соочуваат со одмазда поради откривање или пријавување на негативни појави во институциите или компаниите. Такви беа укажувачите Ѓорѓи Лазарвески и Ѕвонко Костовски, вработени во МВР. Тие помогнаа да се открие масовното прислушување во времето на Никола Груевски. Аферата докажа дека државата низ години систематски ги кршела човековите права и приватноста на десетици илјади граѓани. Ова би била една од најголемите причини поради која дојде крајот на власта на Груевски.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button