ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Власта ќе ги прашува уставните судии за пензиите

Министерството за труд и социјална политика ќе поднесе барање до Уставниот суд да провери дали линеарното зголемување на пензиите, како што бараат пензионерите, би било согласно со Уставот. тој еднаш веќе одлучил за тоа во 1997 година кога судиите заклучиле дека такво нешто би било спротивно на Уставот.

Advertisements

Но, со одлука на Владата во 2019 година веќе имаше линеарно зголемување на пензиите. Власта тогаш се повика на член во законот, според кој, ако зголемувањето на БДП во рок од една година биде повеќе од 5 отсто, пензиите треба да пораснат за 720 денари.

Во меѓувреме, по иницијатива на Министерството, Уставниот суд ќе одлучува за толкувањето на законот. Низ годините имало повеќе зголемувања преку подзаконски акти.

Министерството за труд и социјална политика, заедно со Советот на пензионери и Сојузот на здруженија на пензионери, од следната недела ќе формираат работна група за разговори. Новата методологија која се применува за усогласување на пензиите на секои 6 месеци, се заснова на 50% од зголемувањето на трошоците на живот и 50% од зголемувањето на просечната плата. Од септември 330.000 пензионери ќе добијат зголемување од најмалку 6%. Тренчевска рече дека новите пресметки на Заводот за статистика може да ја зголемат оваа сума, но барањето минималните пензии на 95 илјади пензионери да се искаќат на 18 илјади денари, кога минималната плата е 20 илјади денари, може да предизвика дестабилизација во пензискиот фонд, тврди министерката.

Од она што е познато, минималната пензија од 12.500 денари, во септември ќе биде 13.300 денари. Тоа е многу помалку од она што го бараат пензионерите, па затоа најавуваат нови протести. Тренчевска пак, тврди дека ако се прифати барањето за линеарно зголемување за 3.500 денари, тоа ќе предизвика проблеми во пензискиот фонд. Освен тоа, според неа, неправедно е да се поистоветуваат луѓето кои работеле 15 години и оние кои работеле 40 години и кои многу повеќе години издвојувале пари во фондот.

Власта најавува дека до крајот на годинава ќе изнајде соодветно решение за минималната пензија, која, според најавите, ќе биде над прагот на сиромаштија утврден од Светската банка.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button