Власта не го објавува Протоколот, Кацарска: Се креираат недоумици!

Текстот на билатералниот Протокол на кој работеа македонското и бугарското Министерство за надворешни работи по сè изгледа ќе остане тајна до моментот на негово потпишување помеѓу шефовите на дипломатиите Бујар Османи и Теодора Генчовска. Протоколот, со кој се утврдуваат чекорите за имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија, не стигна ниту пред пратениците во документите кои вчера им беа испратени од Владата. Според познавачите, ваквата состојба ја отежнува јавната расправа за францускиот предлог. موقع مراهنات كرة قدم
„Недостатокот на она што се нарекува Протокол или записници мислам дека ги оневозможува луѓето за да можат да ја проценат состојбата. Тоа креира простор и за недоумици, креира простор за поинакви толкувања и веројатно е подобро за сите нас доколку знаеме во целиот тој пакет кои се документите и како изгледаат. Во спротивно не можеме да зборуваме за суштествена дебата“, рече Симонида Кацарска – Институт за европски политики. رهان اون لاين
Претходно бугарските медиуми го објавија билатералниот Протокол, во кој се велеше дека до одржувањето на првата Меѓувладина конференција, Скопје ќе треба да преземе мерки против говорот на омраза, да се извини за жртвите со бугарска самосвест во комунизмот, да ги објави текстовите за заедничко чествување на личностите за кои е постигнат договор, меѓу кои и Цар Самоил, како и да зачестат состаноците на Мешовитата историска комисија. До втората конференција пак, Македонија ќе треба до Софија да ги достави учебните програми. Сепак, претседателот Стево Пендаровски неодамна кажа дека она што бугарските медиуми не навеле е дека и Софија ќе ги има истите обврски.
„Не постои ниедна обврска во делот на образованието, историјата која не е направена на паритетна основа, како што е Комисијата составена од историчарите и не постои точка која вели „Бугарите ќе ги проценуваат македонските учебници, а ние нема да ги проценуваме нивните“. Тоа важи и за говорот на омраза“, рече Пендаровски. شرح بوكر
Инаку, текстот на Протоколот што беше објавен во медиумите во Софија не беше целосно усогласен и во меѓувреме претрпе измени на последниот онлајн состанок меѓу Османи и Генчовска од понеделникот. Според најавите, Протоколот ќе биде потпишан во истиот момент кога Брисел ќе ја одобри преговарачката рамка за Македонија, односно на првата од предвидените две меѓувладини средби за старт на преговорите.
Лука Андреев