ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта спрема ЕУ-ѕвездичка за еден од законите за американските автопати?

Владата не ја исклучува можноста предлог-законот за работни односи, кој во моментов е во собраниска процедура, да се повлече од процедура и да поднесе нов предлог со знамето на ЕУ. Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска требаше да почне да ги разгледува амандманите, но седницата беше откажана без да се соопшти причината за тоа. Неофицијално се дознава дека Собранието планира координација за големиот број амандмани предложени од Левица, односно 1.111, како и неколкуте од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Ковачевски рече дека во моментов не се планира повлекување на други предлог-закони.

Advertisements

На седница на Владата беше донесена одлука Договорот со меѓународниот конзорциум Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10-Д да се достави до Јавното обвинителство. Ковачевски рече дека тоа се прави за оваа институција да има директен пристап до договорот и да ги елиминира сомнежите за корупција. Иако Владата тврди дека овој договор побрзо ќе се имплементира доколку се изгласа пакетот закони кои се во Собрание, сепак останува нејасно како пратениците успеале да пристапат до класифицираниот договор и врз основа на него да предложат законски измени?

Во новиот предлог-закон за работни односи е предвидено зголемување на работното време до 60 часа неделно на проекти значајни за граѓаните. Предвидено е и дополнителни дневници за прекувремени часови и за работа во недела. Одредбите предвидуваат дополнителните часови да се вршат по волја на работниците, но предвидуваат и случаи кога работодавачот има право на наредба за итни случаи. Предвидена е и бонус-плата за работниците кои работат над 150 дополнителни часови во текот на календарската година.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button