
Следната недела синдикалците и владините претставници повторно на маса ќе се обидат да ја договорат новата методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Наместо од 2028 година административците да добијат зголемување на платите за две години е новата понуда која ќе им биде доставена на синдикатите, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.
„Ние понудивме преоден период на прилагодување пет години – они рекоа не. Сега го кратиме тој временски период на две и пол години апликативни, а тоа значи им задоволуваме тоа што го бараат. Тоа се делови од новиот предлог и истиот ќе биде пуштен до синдикатот. Јас кажав вакви превирања, сме кажале сме дале, ќе ве повикаме вас медиумите да бидете дел од економско-социјалниот совет да слушнете кои се предлозите за конечно да се стави крај“, рече Битиќи.
Предлогот на синдикатите е просечната плата да биде основица за пресметка на платите во јавниот сектор. За Владата овој предлог е прифатлив, но доколку има период за прилагодување. Веќе една година власта и синдикатите се обидуваат да се договорат на кој начин да се зголемат платите. Со зголемувањето на минималната плата лани на 18 илјади денари и годинава на 20 илјади денари, платите во администрацијата речиси се изедначија со минималецот што предизвика револт кај вработените.
Андреа Чобанова