ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН денес ќе ја разгледува одлуката на Таравари за настап на изборите со свои советнички листи

Коалицијата ВЛЕН денеска ќе има седница на која ќе се разговара за одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на локалните избори да оди со свои советнички листи, најави лидерот на Демократско движење, Изет Меџити кој е дел од коалицијата.

Advertisements

Меџити вели дека по седницата ќе бидат изнесени ставовите на ВЛЕН во врска со тоа прашање.

„За одлуката на Алијанса за Албанците на Таравари ќе има денеска седница на ВЛЕН и после тоа ќе бидете известени за ставовите на ВЛЕН околу тоа прашање, денеска тука сум за конкретен проект“, рече Меџити при неговата посета на селото Оризари во Општина Липково.

Денешната седница на ВЛЕН доаѓа откако вчера по Централното претседателство на Алијанса за Албанците Таравари рече дека на изборите ќе излезат со нивни советнички листи, но оти соработката во ВЛЕН останува и не излегуваат од коалицијата.

Таравари кажа дека има невидено единство во Алијанса за Албанците, „како никогаш порано“ и дека од почетокот на мај почнуваат со работа на терен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button