ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН: ДУИ ја замајува јавноста со барањето за ветинг

ВЛЕН: ДУИ ја замајува јавноста со барањето за ветинг

Коалицијата ВЛЕН нагласува дека опозициската ДУИ сака да ја замајува јавноста со предлози за меѓународен ветинг за сите политичари во последните 30 години. Како што истакна портпаролот на ВЛЕН, Фари Хисени, доколку ДУИ навистина сака да ги расчисти сите случаи на политичка корупција, нека се изјасни дали нејзините пратеници ќе ја потпишат нивната иницијатива за измени на Уставот. Со овие измени, според ВЛЕН, би се создала уставна основа за преиспитување на сите судски постапки против поранешни избрани и именувани функционери или сегашни, кои се прекинати поради застареност на евентуална кривична одговорност.

Advertisements

„Законите може да имаат ретроактивно дејство и во случаите поврзани со застареноста на кривичната одговорност за злоупотреби сторени од избрани и именувани функционери при вршење на јавни должности, каде што е причинета штета на јавни средства и буџетски средства на централно и локално ниво и каде со тие злоупотреби е стекнато незаконско богатство“, рече Фари Хисени, портпарол на ВЛЕН.

Од друга страна, ДУИ, како и неколку дена по ред, така и денеска, го повтори барањето за ветинг, нагласувајќи дека сите интервенции и партиски притисоци влијаеле граѓаните да имаат само 2% доверба во судските институции.

„И покрај сите неуспеси и недоверба, време е да се воспостави меѓународно набљудуван ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизацијата и транзицијата во 32-те години независност. Ги повикуваме политичките партии да се надминат себеси, да престанат со ловот на вештерки и да ја залажуваат јавноста за политички дефокус и заедно да го донесат законот за меѓународно следена верификација на сите обвинувања од независноста до денес“, велат од Демократска Унија за Интеграција.

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет одговара на барањето на ДУИ за ветинг, од каде оценуваат дека со ова партијата предводена од Али Ахмети прави маневри за да го скрие криминалот и стекнатото богатство. Инаку, прашањето за ветинг е неисполнето ветување на ДУИ, кое го имаше дури и во владината програма 2020-2024 година. Истото се актуелизира и во моментот кога новата влада најави дека ќе поднесе тужба за незаконските прекршоци констатирани од страна на власта на ДУИ и СДСМ. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button